Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната дневна од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме. Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени.
Нестабилно време ќе има до среда во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени и ќе се движат до 34 степени. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен во петок кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.