Променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.