На европско тло, само Македонија и Косово досега немаат вакцинирано ниеден човек. Нека пукнат Косоварите, нашата нула е поубава.

Вака гласи саркастичната објава на Методија Анѓелкоски на Фејсбук, која предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Граѓаните, соочени со опасноста од коронавирусот, необезбедени вакцини од властите кои ветуваа(т) од лани дека ќе имаме вакцини од повеќе извори, ги принудува луѓето со потсмев да гледаат и коментираат на овој проблем. Иако беше најавувано дека „овој месец или другиот месец или…“ ќе почне вакцинацијата во Македонија, досега имаме само фрижидери и чекаме уште вакцини за да ги наполниме.