Денеска во Македонија ќе има променливо облачно и посвежо време.
Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.
Во Скопје, умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Од ноќеска ќе започне и слаб до умерен повремен дожд кој претежно ќе завршува во ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен најпрвин западен ветер, а во петок ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч) кој ќе е најизразен долж пошироко Повардарие. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.роменливо