Супермоделот Наоми Кембел објави на социјалните мрежи во вторникот дека го дочекала своето прво дете и сподели фотографија на која ги гали стапалата на својата ќерка.

„Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови што ќе ја опишат животната врска што сега ја споделувам со тебе, мој ангелу. Нема поголема љубов”, Кембел (50) напиша на Инстаграм.

Убавата вест доби над 900.000 лајкови откако беше постирана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Мајката на Кембел, Валери Морис Кембел, исто така, ја сподели истата фотографија со порака со честитка за нејзината ќерка: „Премногу сум воодушевена бидејќи долго чекав да бидам баба“.

Не се наведени детали за околностите како станала мајка или за името на бебето, а некои портали шпекулираат дека најверојатно својата ќерка ја добила преку сурогат мајка.

Кембел беше првиот афроамерикански модел кој се појави на насловните страници на францускиот магазин „Вог“ и магазинот „Тајм“. Таа исто така беше првата манекенка Афроамериканка на насловната страница на клучното септемвриско издание на американски „Вог“.

Британката ја започна својата кариера како тинејџерка, а подоцна завладеа на модните писти. Една од најатрактивните манекенки и супермодели со завидно портфолио стана заштитно лице на скапи брендови како Версаче, Шанел, Прада, Долче и Габана.