Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 и 17, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Утре, недела, ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.