Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 19 до 25 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.