Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег.
Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 9 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд . Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Утре во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта во северните делови на повеќе места ќе преминуваат во снег. Ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурата, па во среда врнежи од снег ќе има во поголем дел од земјава.
На планините, особено на запад снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.