Времето денеска се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Според најавата, ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 17 до 34 степени Целзиусови.

Се прогнозира претежно стабилно време за деновите што следат, а дневните температури ќе бидат без значителни промени.

Фото: МИА архива