Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот 9 од 15, а највисоката дневна температура ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на стабилно, суво и потопло време. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.