Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот е 7.
Утринската температура од 8 до 16, а максимална дневна до 36 степени. Во Скопје утринска 15, а максимална дневна до 35 степени Целзиусови.