Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Во среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и во четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.