Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топол бран до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Утре, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во југозападниот, источниот и североисточниот регион температурата ќе се движи во интервал од 34 до 38  степени Целзиусови. Во Полошкиот регион од 32 до 38 степени, во Пелагонија 38 до 40 степени, а во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион од 38 до 42  степени Целзиусови.

Фото: МИА архива