Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност.

Утринската температура ќе достигне до нулата, а дневната температура до седум степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.