Утрото денеска постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од утре ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. В петок и в сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.
Утрово најниска температура од еден степен е измерена во Берово, а највисока 12 степени Целзиусови се измерени во Гевгелија.
УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 3 степени, 5 во Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, 6 во Струмица и Тетово, 7 во степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп и Демир Капија, 8 во Штип, Дебар, Охрид и Претор, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Крушево и 10 степени во Куманово, Велес, Кавадарци и во Виница.
Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.