Времето во Македонија денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време. Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.
Најстудено утрово беше во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица.
Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Виница, Кавадарци и во Претор.
-Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала облачност на југозападот. Утринава е свежо, претежно тивко и сончево. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Фото: МИА архива