Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во северозападните планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје се очекува времето да биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, поголема попладне и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
За утре најавено е нестабилно време, претежно во северозападните делови од земјата. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток, кога на повеќе места се најавува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Во Берово и Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови со 12 степени, 13 во Битола, Претор и Попова Шапка, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Тетово, Охрид, 15 во Демир Капија, Прилеп, Дебар, 16 Куманово, Штип, Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, 19 во Виница и 20 степени во Гевгелија.
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово, според податоците од дождомерните места на УХМР, најмногу наврнат воден талог има во Пожаране 8 л/м2, 2 во Струмица и по 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, Тетово, Ѓуриште.