Утрово е најстудено во Берово, два степена, а максимални 12 степени се измерени во Демир Капија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот утрово се измерени и 5 степени во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Лазарополе и Крива Паланка, 7 во Битола и Тетово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Велес, Попова Шапка и Штип, 9 во Охрид, Претор, Маврови Анови и Кавадарци, 10 во Дебар, Крушево и Виница, како и 12 степени во Демир Капија.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.