Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а максималната од 30 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе изнесува 16 степени, а дневаната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на наредната работна седмица ќе има повремено зголемување на облачноста, претежно во северните делови, проследено со локален дожд, умерен ветер и опаѓање на температурата за неколку степени.