Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 29 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 35 степени.

Во недела нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.