Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе доведе до намалување на дневната температура.