Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Според УХМР, и во четврток ќе има повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени. Сепак во попладневните часови можна е изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија, 12 литри на метар квадратен, а најмлаку во Скопје и Виница, еден литар на единица површина.
Според податоците од УХМР, до 08 часот се измерени и 7 литри во Гевгелија, 4 во Тетово и Битола, 3 во Крива Паланка и Дојран, како и 2 на Попова Шапка.
До 08:30 часот утрово најсвежо е во Берово и Лазарополе, пет степени, а максимални 14 степени се измерени во Кавадарци. На Попова Шапка е 6 степени, 8 е во Крива Паланка, 9 во Маврови Анови, Охрид, Претор, Битола и Крушево, 10 во Виница, 11 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица и Куманово, 12 во Демир Капија, Дојран и Велес, како и 13 степени во Гевгелија.