Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 15 степени, а дневната температура од 16 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 26 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Во недела процесите ќе бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град