Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по  котлините со магла и ниска облачност.

Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе достигне до минус пет степени, а дневната температура до четири степени.

Во недела ќе биде значително облачно, а локално на повисоките места и планините ќе има услови за повремен снег. Од понеделник се очекува стабилно време со слаб до умерен северен ветер.