Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до – 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Најниска температура од – 6 утрово е измерена во Скопје, кај Петровец, Битола и Берово, -5 во Струмица и Демир Капија, -4 во Штип, Велес, Куманово и Тетово, -3 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп, -2 во Крива Паланка, -1 во Охрид, Mаврови Анови и Претор, 0 Виница, а три степени во Попова Шапка и Kрушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).




