Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната 11 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

До сабота ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд. Од недела ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура.