Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови кон недела, особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови од овие врнежи на снег, таа ќе надмине 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 4, а дневната од минус 5 до 1 степен.

Во Скопје, облачно, студено со умерен до засилен северен ветер и со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до минус 1 степен.

Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми, Во југозападните делови снежната покривка понекаде на пониските места ќе надмине и 20 сантиметри снег. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под минус 15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.