Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во следните денови ќе имаме стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.
Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија.
Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци и 3 степени во Скопје-Петровец и во Велес.
Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 30 сантиметри и 12 сантиметри во Маврови Анови.
Фото: МИА архива