Времето во текот на денов се очекува да биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови – над 25 литри на квадратен метар. Синоптичарите најавуваат умерен до засилен северен ветер – над 70 километри на час, особено долж Повардарието. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 8 до 14, а максималната да достигне од 12 до 19 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Според прогнозата, утре се очекува да има преодно стабилизирање на времето и да дува засилен северен ветер – над 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови.
Во деновите што следат, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 8 часот утрово од 20 л/м2 е измерен во Крива Паланка, Виница, Струмица. Следат со 16 л/м2 Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе и 4 л/м2 во Маврови Анови, соопшти УХМР.
Фото: МИА архива