Времето во Република Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната 12 до 20 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Под влијание на влажни бранови од понеделник до среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.