Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Според УХМР, ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.
Утре во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа, во следните денови, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, седум степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје, 16 литри на метар квадратен.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени 9 степени во Берово и Лазарополе, 10 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Куманово, Крива Паланка и Охрид, 13 во Прилеп и Битола, 14 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Тетово, Виница, Кавадарци, 15 Гевгелија Штип, Демир Капија, како и 16 во Скопје-Петровец Велес.
До 8 часот наврнале и 14 литри на единица површина во Пожаране, 10 во Крива Паланка, 8 на Попова Шапка, 7 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Лазарополе, 4 во Маврови Анови, 2 во Битола и Дебар, како и еден во Претор, Крушево, Берово и Тополчани.