Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот е 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во Скопје утринската температура ќе биде 17, а максималната до 36 степени.