Времето во Македонија ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2).
На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3, а дневната од минус 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд кој повремено ќе преминува во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата.