Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. УВ=5

Утринската температура ќе се движи од два до 11 степени, а дневната температура од 22 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 24.

Нашето подрачје ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.