Времето во Македонија ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи.
Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.