Времето во Македонија и денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог (локално над 25 л/м2).
Утринската температура ќе се движи од осум до 14, дневната од 19 до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.