Без вода утре од 10 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Никола Тримпаре“ и објектите на потегот помеѓу улиците „Аминта Трети“ и „Рајко Жинзифов“, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување приклучок на водоводна мрежа на улица „Никола Тримпаре“ број 10 б, во општина Центар.

Без електрична енергија утре од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на дел од булевар „Србија“  и дел од улица „Мите Богоевски“, во општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Исто така, утре од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Никола Русински“ зграда  број 4, влез 1 и 2, во општина Карпош.

Без струја од 12 до 14 часот ќе бидат и  корисниците од улиците 155, 157, 397 и  Поликлиника Бит Пазар со објектите во  нејзината околина, во општина Чаир.