Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.