Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени,а дневната температура од 20 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 26 степени.
До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период на места ќе наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.