Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено во петок и во недела.