Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.