Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб локален дожд претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 12 степени.

Утре поради заладување ќе има локални врнежи од снег, претежно во југоисточните делови. Потоа следува период на постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.