Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.
На планините, особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.