Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 степени до 0, а максималните од -1 до 9 степени.
Од УХМР најавуваат дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од среда се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе бидат во пораст.
Најстудено со минус 10 степени на Попова Шапка, а најмногу 46 см снег во Маврови Анови
Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка -10. Во Маврови Анови се измерени – 6, Крушево -5, Берово -3, Крива Паланка, Претор, Дебар -2 , во Охрид и Прилеп – 1, а 0 степени во Битола, Виница и Куманово. На останатите места е секаде над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР.
Во Маврови Анови има најмногу снег 46 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 40, во Ѓуриште 24, во Пожаране 21 сантиметар. Во Берово има 16 сантиметри снежна покривка, во Претор 10, во Битола 8, а во Крива Паланка два сантиметри.
Најмногу дожд до 7 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 20 литри на метар квадратен, во Струмица 16 и во Гевгелија 14 литри на метар квадратен. По нив, според мерењата на УХМР во изминатите 24 часа, следат Скопје – Петровец со 13, Скопје-Зајчев Рид 10, Тетово и Куманово со 9, Крива Паланка 6, Охрид 5, Штип и Дојран 4 и Прилеп со 3 литри на метар квадратен.
Времето во текот на ноќта и изутринава е облачно со повремени локални врнежи од снег и со слаб до умерен, а наместа повремено и засилен ветер од северен правец. Утрово умерени врнежи од снег има во Битола.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните планински подрачја. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.