Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста и на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во сабота.