topВремето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена.
И во петок ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови.
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали.