Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=9
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
И во недела ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.