Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во петок и сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.