Најпопуларниот македонски писател кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски, ќе биде гостин на Алеја на книгата во Софија, која ќе се одржи од 6 до 12 септември на пешачкиот дел на бул. „Витоша“.

Настанот кој ќе се одржи на 10 септември, петок, од 19 часот на Литературната сцена на Алејата на книгата, ќе биде со присуството на писателот. Ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“). Овие две книги се влезени во учебната програма на средношколците во Македонија.

Издавани се многукратно, при што само „Марта“ има досега 21 изданија, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјата.Допадлив и за младите, и за возрасните читатели, Горјан Петревски е писател кој добро знае како да ги одгатне тајните на тинејџерите и како да разкаже за нивните кревки чувства, како и да ја врати младоста кај оние кои веќе припаѓаат кон светот на возрасните.Затоа со неговите романи „Марта“ и „Сама“ растат неколку поколенија македонски читатели.

Тие се прекрасен пример за тоа дека и изучаваните книги во средните училишта може да се читани со страст и задоволство. Толку интересни и возбудливи се, што во различни моменти од животот читателот им дури се враќа повторно и ги препрочитува, зашто имаат оставено трага во неговото срце.На прво место, тоа кое ги примамува читателите на Горјан Петревски, е интересното сиже во кое важно место заземаат загатки, кои го држат вниманието на читателот.