Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во попладневните часови облачноста наместа ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд.